Интерпелација за Гаши: Левица алармира за прекршување на Уставот и погазување на секуларноста

Продолжуваат реакциите за молитвата на Гаши во Законодавниот дом. Партијата на Димитар Апасиев најави дека ќе поднесе интерпелација за работата на собранискиот спикер.

„Во Собранието на Република Македонија, во салата Борис Трајковски се одбележа Денот на сеќавањето на геноцидот во Сребреница, каде коалициониот партнер на ДПМНЕ и ЗНАМ – спикерот Африм Гаши оддржаа молитва, со што го прекрши Уставот на државата, ја погази секуларноста и сите норми на правната држава. Имено, Гаши иницирал религиски обред – молитва во Собранието на Република Македонија со што директно е прекршен член 19 од уставот на Република Македонија. Дополнително, тој не го испочитувал уставното нечело дека сите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата“, реагираат од Левица.

Според нив, ова, како што велат анти-државно, анти-уставно и анти-секуларно однесување е реализирано во заеднички договор на владејачката коалиција.

„За жал ова не е единствено вакво однесување на Африм Гаши по давањето заклетва од страна на собранискиот спикер на албански јазик.Левица го осудува ваквото поведение, секуларноста, додаваат, е еден од основните принципи за функционално демократско општество, и затоа ќе поднесе интерпелација против собранискиот спикер за ова своеволие“, велат од Левица

Back to top button
Close