Интерпелацијата на Љубомир Јовески на собранска седница на 2 ноември
На собраниската седница закажана за 2 ноември ќе се расправа по Предлогот за интерпелација на државниот обвинител Љубомир Јовески, поднесен од пратеници од опозицијата.
Интерпелацијата е ставена како 13 точка на дневен ред на пленарната седница.
Пратениците ќе расправаат и за Предлог одлуката за објавување на јавен оглас за избор на претседател и членови на Антикорупциската комисија, чиј мандат истекува во февруари.
На истата седница како 15 точка е ставена и Предлог одлуката за огласување избор на член на Државната изборна комисија. По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК кое треба да биде пополнето со претставник од опозицијата.