Интервју со Битиќи: Зимата ќе ја преживееме, заедно и солидарно, со голема одговорност за штедење и помош за најранливите
Како социјалдемократ секако дека го поддржувам т.н. праведно и правично оданочување, па оттука логично дека целосно го поддржувам моделот за повисоки стапки на даноци за оние кои заработуваат и имаат повеќе. Но тука на прво место, веднаш морам да го истакнам и принципот дека ние како социјалдемократска влада не смееме априори да ги земаме овие принципи и на крај да воведеме систем на прогресивни даноци, чии критичари пак од друга страна аргументираат дека станува збор за систем кој ги казнува (во одредени случаи и ги брка) оние најуспешните, кои се најпродуктивни и имаат највисоки приходи, вели во интервју за „Локално“ Фатмир Битиќи, Вицепремиер за економски прашања.
Владата, според него, има јасен план за тоа како да се справи со последиците од оваа енергетска криза, и секако презеде и се уште презема конкретни чекори за ублажување на негативните последици од кризата.
-. Оваа зима секако дека ќе ја преживееме, заедно и солидарно, со голема одговорност за штедење и помош за најранливите. Во кризи како оваа, што е доволно?! Веројатно ништо и идејата не е да е доволно, туку да е праведно и правично, истакнува Вицепремиерот.
За произволното одредување на цените на производителите, Битиќи е дециден дека сите интервенции во слободниот пазар се спротивни на економските правила, но во оваа криза владата презела неколку такви мерки, како замрзнувањето на маржите, со цел стопирање на ценовните шокови.
-Оваа недела беше донесена одлука Владата да обезбеди фиксна цена на електричната енергија за компании кои произведуваат основни прехранбени производи. Оваа цена ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулираниот пазар, додава тој во интервјуто.
Пред неколку недели беше презентиран извештајот на ЕК за С.Македонија, а најзагружувачки е, како што велат, нискиот број на инвестиции, но и големите празнини во транспортот на енергија и инфраструктурата, кои според ЕК, ја попречуваат Македонија од потенцијалот за раст. Како вие гледате на забелешките на ЕУ во однос на економијата?
-Справувањето со едно по друго, на две големи кризи ковид и тековната енергетска ни дадода многу детален и прецизен преглед каде имаме недостатоци што мораме да ги подобриме и верувам дека оваа влада веќе точно знае кој ќе бидат клучните чекори. Секако транспортот и енергетиката се клучни за раст и развој на секој економија така и на нашата, имено приоритет мора да имаат автопатите и експресните патишта кои ќе ги комплетираат коридорите 10 и 8 заедно со нивните краци, па потоа да се концентрираме на споредните инфраструктурни зафати.
Секако тука спаѓаат и слабостите во електроенергетските поврзувања, кои сега во ек на енергетската криза излегоа на површина, и на кои ние како држава работиме со многу големо внимание во овој период.
…
Интервјуто во целост прочитајте го тука