Интервјуто на Латас кај Лазаров го нема на Јутјуб


Интервјуто на Драган Павловиќ – Латас во поткастот на јутјуберот Стефан Лазаров повеќе не може да се пронајде на каналот „Лазаров“ на оваа платформа.

Поткастот во кој гостува Латас беше емитуван пред пет дена, а покрена лавина негативни реакции по неговото раскажување за сексуално искуството со девојка во неговите тинејџерски години од причина што стимулираше насилство и родова дискриминација.

За спорното интервју реагираа огромен број граѓани, како и новинарските здруженија, невладини организации и дел од политичките партии. На социјалните мрежи можеа да се забележат и бројни повици до корисниците да ги пријават профилите и каналите на јутјуберот Лазаров.

За случајот, МВР поднесе и известување до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, а оттаму потврдија дека е отворен предмет и надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошно постапување.

Back to top button
Close