Инвестирајте со ИПАРД грант до 600.000 евра за производство на бетон, цемент, гипс, малтер, стакло, керамички плочки, обработка на камен…

Поддршката за започнување нов бизнис и развој на микро и малите претпријатија претставува важен инструмент за унапредување на конкурентноста и за создавање работни места во руралните средини. Токму една од целите на популарната Мерка 7 од ИПАРД III програмата е да се обезбеди поддршка за инвестиции во руралните средини насочени кон формирање и развој на алтернативни економски дејности во руралните средини и промовирање на претприемништвото и деловен развој за неземјоделски производи.

На претстојниот повик за оваа мерка може да се аплицира за неповратен грант до 60% од вкупните трошоци за инвестиции во производство на непрехранбени производи од 110 различни дејности (клик на линкот за целосната листа).

Во продолжение на овој текст ќе се фокусираме на поддршката за инвестиции во производство на неметални минерални производи. Оваа група спаѓаат го опфаќа производството на производи од бетон, цемент, влакнест цемент, вар, гипс, готова бетонска смеса, малтер, цигли, ќерамиди, огноотпорни производи, стакло, керамички плочки, подни плочи, керамички санитарни уреди, керамички изолатори, абразивни брусни производи и др. (целосна листа во табелата подолу).

 

Кој може да аплицира

На јавниот повик за мерка 7 може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.

 

Физички лица

Со или без регистрирана дејност

Правни лица

Микро и мали претпријатија со најмногу 50 вработени

Годишен приход најмногу до 10 милиони евра

Прифатливи трошоци

Набавка на нови машини и опрема потребни за производство и обработка на неметални минерални производи: бетонски блокови, други производи од бетон, цемент, влакнест цемент, вар, гипс, готова бетонска смеса, малтер, цигли, ќерамиди, огноотпорни производи, стакло, керамички плочки, подни плочи, керамички санитарни уреди, керамички изолатори, абразивни брусни производи и др.

Нови машини и опрема за подготовка и складирање на суровини

Вилушкари, транспортни приколки, палетарки, опрема за манипулација, товарање и растоварање, контејнери, палети, подвижни ленти

Опрема за мерење на тежина

Опрема за следење на квалитет

Контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција

Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот

Опрема за пакување и етикетирање на готовите производи, вклучувајќи складирање

Компјутерски софтвер (CAD/CAM софтвер и сл.)

Покрај нови машини и опрема, грантот може да се искористи и за покривање на 60% од трошоците за градење или реновирање на објекти во кои се одвива производството, обработката и/или складирањето на неметалните минерални производи (работилници, хали, магацини, инфраструктура за производство, административен простор).

 

Набавка на сите градежни материјали и елементи

Сите потребни работни операции и услуги за реализација на проектната инвестиција: подготовка на терен, градежни работи, реконструкција, транспорт и монтажа и др.

Набавка и поставување на фотоволтаици за сопствени потреби

Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува во сопственост на корисникот.

 

За повеќе информации и целосна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број

📞 071 285 385

или испратете e-mail на [email protected]

 

Листа на прифатливи дејности

Прифатливи се инвестиции во сите активности наведени во Националната класификација на дејности (НКД) под група 23 „Производство други неметални минерални производи“.

 

ВАЖНО: На јавниот повик за оваа мерка може да аплицираат и постојни фирми кои имаат друга приоритетна шифра на дејност но планираат да започнат и со некоја од дејностите наведени во табелата.

 

Шифра Назив на дејност

23 Производство на други неметални минерални производи

23.1 Производство на стакло и производи од стакло

23.11 Производство на рамно стакло

23.12 Обликување и обработка на рамно стакло

23.13 Производство на шупливо стакло

23.14 Производство на стаклени влакна

23.19 Производство и обработка на друго стакло, вклучувајќи и теxничка стаклена стока

23.2 Производство на огноотпорни производи

23.20 Производство на огноотпорни производи

23.3 Производство на градежни материјали од глина

23.31 Производство на керамички плочки и подни плочи

23.32 Производство на цигли, ќерамиди и производи од печена глина за градежништвото

23.4 Производство на останати порцелански и керамички производи

23.41 Производство на керамички предмети за домаќинствата и керамички украсни предмети

23.42 Производство на керамички санитарни уреди

23.43 Производство на керамички изолатори и изолационен прибор

23.44 Производство на други теxнички производи од керамика

23.49 Производство на други керамички производи

23.5 Производство на цемент, вар и гипс

23.51 Производство на цемент

23.52 Производство на вар и гипс

23.6 Производство на производи од бетон, цемент и гипс

23.61 Производство на производи од бетон за градежни цели

23.62 Производство на производи од гипс за градежни цели

23.63 Производство на готова бетонска смеса

23.64 Производство на малтер

23.65 Производство на влакнест цемент

23.69 Производство на други производи од бетон, гипс и цемент

23.7 Сечење, обликување и доработка на камен

23.70 Сечење, обликување и доработка на камен

23.9 Производство на абразивни (брусни) производи и други неметални минерални производи, неспомнати на друго место

23.91 Производство на абразивни (брусни) производи

23.99 Производство на други неметални минерални производи, неспомнато на друго место

Табела 1: Преглед на прифатливи производни активности

Локација на инвестиции

Клучен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална област, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Покрај селата во Македонија, ова ги опфаќа и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

 

Целосната листа на 1774 населени места определени како рурални области може да ја погледнете на овој линк.

 

ВАЖНО: Седиштето или живеалиштето на апликантот може да биде и во друго населено место.

 

За повеќе информации и целосна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број

📞 071 285 385 или испратете e-mail на [email protected]

Back to top button
Close