Инзаги: Пари Сен Жермен заслужи триумф во Лигата на шампионите
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, призна дека едвај го препознал својот тим откако беа поразени со 5-0 од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите во Минхен.
ПСЖ ја освои својата прва титула во натпреварувањето на убедлив начин, забележувајќи ја најголемата разлика во финале во историјата на натпреварувањето.
Поразот завршува разочарувачка сезона за трикратниот европски шампион Интер, кој не успеа да освои три големи турнири и заврши без трофеј.
-Апсолутно не го почувствував тоа како мој тим – а играчите беа првите што го сфатија тоа, рече Инзаги, чиј тим се квалификуваше за финалето со победа од 7-6 над Барселона.
За него, поразот е особено болен и доаѓа две години откако Интер загуби од Манчестер Сити во финалето во 2023 година во Истанбул.
-Мислам дека ПСЖ заслужи да победи, изјави Инзаги на кратката прес-конференција, чиј тим последен пат ја освои титулата под водство на Жозе Мурињо во 2010 година,
Додаде дека разочарувањето и горчината се големи бидејќи фудбалерите имале одлична сезона и тешко е да ја завршат без титула.
-Како тренер, сè уште сум горд. Не сме задоволни од играта вечерва. Не пристапивме добро… Не го одигравме финалето на најдобар начин, но им се заблагодарувам на момците, истакна тој.
Инзаги ги призна недостатоците на својот тим и дека Интер не беше во можност да се справи со интензитетот на ПСЖ.
-Бевме поуморни од ПСЖ, кој ја освои титулата во Франција пред неколку недели, додека ние се боревме за Серија „А“ до минатиот викенд. Не игравме добро технички, тие беа првите што го отворија резултатот… Знаевме дека се посилни од нас, знаевме дека мора да бидеме подобри, целосно го заслуживме поразот, додаде стручњакот.
Интер сега мора да се подготви за Светското клупско првенство во САД во јуни, но Инзаги рече дека болката од губењето на финалето на Лигата на шампионите нема лесно да се надмине и одби да каже дали сè уште ќе биде со клубот за турнирот.
-Тешките порази и финалињата оставаат свој белег. Сите мора да почнеме одново заедно. Нема да одговорам на тоа прашање за Светското клупско првенство. Дојдов од учтивост и почит кон медиумите, овој пораз премногу боли. Излегуваш посилен од порази, ние сме поминале низ ова и претходно, а годинава го загубивме Скудетото. Разговарав со момците и мора да ги држиме главите високо, знаејќи дека се соочивме со посилен тим кој заслужуваше да победи, заклучи тој.