Ипсос: За прв пат во историјата мнозинство од граѓаните на Србија се против влез во ЕУ

За прв пат во историјата, недвосмислено мнозинство српски граѓани се против влезот на нивната земја во Европската унија, покажува истражувањето на агенцијата Ипсос. Причина за тоа се притисоците кои Србија ги трпи од ЕУ, а се однесуваат на воведување санкции против Русија, пренесува Данас.рс.

Според истражувањето, дури 44 отсто од граѓаните се против евроинтеграциите, додека 35 отсто се за, а останатите 21 отсто не знаат или не сакаат да одговорат.

Поддршката за пристапување на Србија во ЕУ и досега паѓаше во кризни ситуации – кога растеше притисокот поради Косово или кога беше прогласена пандемија на коронавирус. Сепак, никогаш немало таков пад на поддршката како во последните недели, велат од Ипсос.

Директорот на Ипсос, Марко Уљаревиќ, вели дека денес, за прв пат има поголем број српските граѓани кои на евентуален референдум не би гласале за влез во Европската унија, во споредба со оние кои ја поддржуваат евроинтеграцијата.

„Во март имавме нагло зголемување на бројот на луѓе кои се против евроинтеграциите, по што следеше благ пад на оние кои ја поддржуваат интеграцијата. Изминатиот месец ни донесе продолжување на растечкиот тренд на бројот на луѓе кои се против пристапувањето во ЕУ, со уште поостар пад на оние кои ја поддржуваат интеграцијата. Сега имаме 34,9 отсто граѓани кои на референдум би го поддржале влезот на Србија во Европската унија, додека 43,8 отсто би гласале против“ Уљаревиќ.

Тој објаснува дека оваа промена е несомнено поврзана со војната во Украина.

„Колку што Србија во изминатите години беше успешна во балансирањето на меѓународната политика, сегашните околности се такви што секојдневните притисоци Србија да одлучи и да се приклучи кон санкциите кон Русија секако влијаат на граѓаните да одлучуваат поинаку во однос на ЕУ. Секако, Русија не седи со скрстени раце, туку ја користи својата мека моќ, која доаѓа пред се од енергетската зависност на Србија, но и поддршката во меѓународните организации поврзани со статусот на Косово, но тоа не е видливо во јавноста, тој вели.

 

 

 

Back to top button
Close