Иран: 20 лица уапсени за шпионажа во корист на Израел
Дваесет лица беа уапсени во северозападен Иран поради обид за соработка со Израел, објави новинската агенција Тасним во неделата, повикувајќи се на соопштение од обвинителството на покраината Западен Азербејџан.

Тие се обвинети за испраќање информации за локацијата на иранските воени и безбедносни средства до Израел.
Израел започна нова фаза на напади врз Иран, таргетирајќи безбедносни контролни пунктови врз основа на информации од информатори на терен, изјави извор запознаен со израелската воена стратегија за Ројтерс минатата недела






