Иран би можел да создаде нуклеарен конзорциум со земјите од Заливот

Иран предложи да создаде нуклеарен конзорциум со други земји од Заливот во услови на разговори на високо ниво со САД, според извештаи во ирански и меѓународни медиуми.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека неговите неодамнешни посети на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати биле поврзани со тековните нуклеарни преговори со САД.

– Ние сме многу заинтересирани за регионално разбирање на овие преговори и можен договор што ќе доведе до зголемена безбедност и зголемено регионално разбирање, им рече тој на новинарите.

Иранскиот портал Дидбан јави дека земји како Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати би можеле да бидат вклучени во објект за збогатување ураниум на иранска територија.

САД и Иран преговараат за нуклеарната програма на Техеран во Оман, а Вашингтон се надева дека ќе ја спречи земјата да создаде атомско оружје.

„Њујорк Тајмс“ објави дека Иран ќе збогатува ураниум само до ниско ниво – под прагот релевантен за нуклеарно оружје – и потоа ќе ги снабдува арапските држави за цивилна употреба.

Иранската новинска веб-страница Амвај цитираше „висок политички извор во Техеран“ кој го поддржува планот за регионален конзорциум за збогатување.

– Идејата е добра, и Иран може да ја разгледа – сè додека тоа не е замена за сопственото збогатување на Иран, рекол тој.

Предложените објекти би можеле да се наоѓаат на ирански острови во Заливот, јави весникот Хамихан.

Разговорите доаѓаат 10 години откако Иран во Виена се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во Заедничкиот сеопфатен план за акција од 2015 година.

САД се повлекоа од договорот за време на првиот мандат на Трамп, а Вашингтон воведе остри санкции против Техеран

Back to top button
Close