Иран ги обвини НАТО и европските земји за соучесништво во американско-израелските напади

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, ги обвини НАТО и одредени европски земји за соучесништво во американско-израелските воени операции против Иран, критикувајќи ги изјавите на генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.
Багеи на Х наведе дека коментарите на Руте претставуваат признание за „намерното соучесништво на Европа во американско-израелската војна и агресија против Иран“, и оцени дека европските држави не биле непристрасни за време на конфликтот.
Според него, земјите кои го овозможиле користењето на својата територија, воени бази и инфраструктура за изведување на воените операции не можат да ја избегнат одговорноста за, како што наведе, „со ништо непредизвиканата агресија и нејзините тешки последици“.
Реакцијата на Техеран следуваше откако Руте вчера ги поддржа најновите американски напади врз Иран, оценувајќи дека тие биле „апсолутно неопходни“. Генералниот секретар на НАТО претходно изјави и дека членките на Алијансата им пружиле логистичка поддршка на Соединетите Американски Држави за време на конфликтот, наведувајќи дека во првите шест недели од војната меѓу 4.000 и 5.000 американски авиони полетале од бази во Европа.






