Иран и трите европски земји не постигнаа договор со кој би се избегнало враќање на тешките санкции кон Техеран
Не е постигнат договор меѓу Иран и трите европски земји – Велика Британија, Франција и Германија – за тоа како да се избегне повторно воведување на казнените мерки на овие земји против Техеран по истекот на рокот што му беше поставен, изјави вечерва еден дипломат.
Разговорите во Женева „завршија без конечен исход“, рече дипломатот запознаен со разговорите, под услов да остане анонимен.
Според него, напорите ќе продолжат за да се дојде до решение пред истекот на рокот што трите земји го поставија на Иран – крајот на овој месец – по кој би го активирале „механизмот за повторно враќање“ врз основа на нуклеарниот договор со Техеран од 2015 година, затоа што тврдат дека тој не го почитува тој договор.
Тоа значи враќање на тешките санкции на Обединетите нации, вклучувајќи ембарго на конвенционално оружје, рестрикции на балистички проектили, замрзнување на имот и финансии во странство, забрани за патување и забрана за производство на нуклеарна технологија.