Иран идентификува 3.375 жртви од американско-израелски напади

Иранската организација за судска медицина идентификувала 3.375 лица загинати во американско-израелските воздушни напади што започнаа кон крајот на февруари, соопшти државната телевизија IRIB.
Според директорот Абас Масџеди Арани, идентитетот на жртвите бил утврден со научни и специјализирани методи. Во периодот од 28 февруари до 7 април, меѓу загинатите се идентификувани 2.875 мажи и 496 жени, додека податоци за уште четири лица не се објавени.
Меѓу жртвите има и странски државјани од Авганистан, Сирија, Пакистан, Кина, Ирак и Либан, но нивниот точен број не е наведен.
Од институцијата нагласуваат дека целиот процес на идентификација бил спроведен со напредни форензички методи, објави Скопје1.мк.






