Иран лансираше за првпат ракети „Хаџ Касем“ кон Израел, нападите беа извршени и врз цели во земјите од регионот


Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) денес објави дека започнала нов бран напади врз Израел, како дел од 59-от бран на операцијата „Вистинско ветување 4“, и дека напредната ракета „Хаџ Касем“ била употребена за прв пат во нападот.

ИРГК соопшти дека нивниот напад бил насочен кон израелски позиции во Бејт Шемеш, Тел Авив и Ерусалим, објави иранската Прес ТВ.

Во соопштението се вели дека целите на нападите биле и регионалните американски бази Ал Удеид во Катар, Али ал Салем во Кувајт, Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати, Шеик Иса во Бахреин и Ербил во Ирак.

Back to top button
Close