Иран наскоро ќе достави контрапредлог за нуклеарниот договор со САД
Иран наскоро ќе им предаде контрапредлог за нуклеарен договор на Соединетите Американски Држави преку Оман, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, како одговор на американската понуда која Техеран ја смета за „неприфатлива“.
Иранскиот дипломат рече дека американскиот предлог не успеал да ги реши разликите околу збогатувањето на ураниум, испораката на сите ирански залихи на високо збогатен ураниум во странство и чекорите за укинување на американските санкции.
– Американскиот предлог не ни е прифатлив. Тој не беше резултат на претходните рунди преговори. Нашиот предлог ќе ѝ го претставиме на другата страна преку Оман кога ќе биде финализиран. Овој предлог е разумен, логичен и урамнотежен, соопшти Багеи, додавајќи дека сè уште нема детали за датумот на шестата рунда нуклеарни преговори меѓу Иран и САД.