Иран одбива примирје: Техеран бара траен крај на војната со гаранции

Иран нема да прифати прекин на огнот, туку бара целосен и траен крај на војната со САД и Израел, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за јапонска новинска агенција.

Тој нагласи дека Техеран не гледа решение во привремено примирје, туку инсистира на долгорочни гаранции дека конфликтот нема да се повтори. „Ова не е нашата војна, туку војна што ни е наметната. Станува збор за незаконит и неоправдан чин на агресија“, изјави Арагчи.

Според него, Иран ќе продолжи со, како што рече, „самоодбрана“ сè додека тоа е потребно, нагласувајќи дека земјата нема намера да запре со активностите без јасен и конечен исход.

„Не прифаќаме примирје затоа што не сакаме да се повтори сценариото од минатата година. Војната мора да заврши целосно и трајно, со гаранции дека ваква ситуација нема повторно да се случи“, порача шефот на иранската дипломатија.

Изјавата доаѓа во момент на засилени тензии на Блискиот Исток, каде што конфликтот меѓу Иран, САД и Израел се продлабочува, а дипломатските обиди за деескалација засега не даваат резултат.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close