Иран потврди дека минатомесечната експлозија во нуклеарната постројка Натанц била саботажа

 Иран потврди дека минатомесечната експлозија во нуклеарната централа „Натанц“ била саботажа.

Иранската организација за атомска енергија (МАЕО) не откри кој стои зад саботажата, а некои ирански претставници веруваат дека станува збор за кибер напад, пишува Би-Би-Си.

Натанц се наоѓа на 250 километри јужно од Техеран и е најголемата иранска инсталација за збогатување ураниум.

Информацијата беше објавена по серијата пожари и експлозии во различни постројки, што се случија во изминатите неколку недели.

Back to top button
Close