Иран се подготвува да го ограничи пристапот до интернет
Иранските власти се заканија дека ќе го блокираат слободниот пристап до интернет, јавија денеска неколку медиуми, пренесе ДПА.
Повикувајќи се на експерти и интернет активисти, медиумите објавија дека пристапот до странски веб-страници би можел значително да биде ограничен во наредните часови.
Во меѓувреме, Командата за кибер безбедност објави дека на владините службеници им е забрането да користат „сите уреди поврзани со комуникациски мрежи – вклучувајќи паметни телефони, паметни часовници и лаптопи“.
На цивилите им е советувано да ја ограничат употребата на такви уреди.