Иран си ги бара замрзнатите милијарди долари од банките во Јужна Кореја

– Иран ја повика Јужна Кореја да ги ослободи  иранските средства изразени во повеќе милијарди долари, што заради американските санкции се замрзнати во банките во Јужна Кореја.

-Забраната на Јужна Кореја нашата земја да ги користи ресурсите на Централната банка за купување на основни производи, лекови и хуманитарни средства на ниту еден начин не е прифатлива и очекуваме владата во Сеул да ги укине овие ограничувања што е можно поскоро, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани за британските медиуми.

Тој му наложи на директорот на иранската Централна банка да се вклучи во ова прашање преку правни канали и меѓународни форуми, пренесе Ирна.

Рохани не кажа колку пари се замрзнати, но новинската агенција Борна го цитираше претседателот на Иранско-јужнокорејската трговска комора, Хосеин Танахи, кој соопшти дека во банките во Јужна Кореја се блокирани меѓу 6,5 и девет милијарди американски долари  што му припаѓаат на Иран. сд/

Back to top button
Close