Иран: Со прецизни ракети ги нападнавме израелските воени бази

Иранската Револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека со прецизни ракети и напредни системи нападнала израелски воени бази и центри за производство на оружје.

– Нападот беше насочен кон воени бази и индустриски објекти од кои потекнуваше агресијата против нашата земја, се наведува во соопштението на IRGC.

Според иранските власти, нападот бил „моќен и офанзивен“, извршен во целосна координација со сите гранки на вооружените сили. Тие тврдат дека „десетици балистички ракети“ прецизно погодиле стратешки цели.

– И покрај тврдењата за пресретнување, непријателот не успеа да ги неутрализира брановите на иранските ракети, се вели во соопштението.

Гардата нагласува дека безбедноста на Исламската Република Иран е „црвената линија“.нсс

Back to top button
Close