Иран со предупредувачки истрели за американски воени бродови во Омански Залив

Иранската морнарица денеска истрелала предупредувачки ракети и беспилотни летала кон американски воени бродови во Омански Залив, објавија иранските медиуми, при тоа обвинувајќи ја американската армија за попречување на поморскиот сообраќај и запленување товарни бродови и танкери.
Претходно, американската Индо-пацифичка команда соопшти дека американските сили синоќа го пресретнале санкционираниот танкер Давина во Индиски Океан.
– Ќе продолжиме со нашето глобално поморско спроведување на санкциите за да ги прекинеме нелегалните мрежи и да ги запреме бродовите што обезбедуваат материјална поддршка за Иран каде и да дејствуваат, објави Командата на платформата Икс.






