Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека погодил локации во Израел и три американски воени бази.

Во соопштението објавено од новинската агенција Тасним, која е поврзана со ИРГЦ, се вели дека со беспилотни летала биле гаѓани локации во „северниот, централниот и јужниот дел“ на Израел.

Исто така, се наведува дека се погодени три американски воени бази: „Али Ал Салем“ во Кувајт, една во Ал-Харџ во Саудиска Арабија и „Ал Дафра“ во Обединетите Арапски Емирати.

Ниту израелската војска, ниту Кувајт, Саудиска Арабија или Обединетите Арапски Емирати досега не го потврдија соопштението на ИРГЦ, јави Би-би-си. јт/

Back to top button
Close