Иран тврди дека уапсил двајца припадници на израелски Мосад
Иранските власти соопштија дека уапсиле двајца наводни припадници на израелската разузнавачка служба Мосад во северната провинција Алборз.
Според информациите, приведените биле фатени додека подготвувале експлозиви и уреди за електронско следење. Медиуми посочуваат дека ова е дел од поширока акција против наводни шпиунски активности поврзани со Израел.
Претходно иранските власти соопштија дека во градот Јазд се уапсени пет лица осомничени за шпионажа, соработка со Израел и недозволено фотографирање во корист на израелските разузнавачки служби.