Видео: Иранците потврдија за напади врз американските бази во Катар и во Ирак
Иранската државна радио-телевизија потврди дека иранската армија лансирала ракети кон американски бази на Блискиот Исток, поточно во Катар и во Ирак. Според американски медиуми, експлозии одекнуваат над Доха и над Лусаил, вториот по големина град во Катар. Најмалку 10 ракети се испукани кон Катар и најмалку една кон Ирак.
Како што беше нагласено, Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави дека операцијата се нарекува „Добри вести за победа“
Footage showing surface-to-air missiles launched from Al Udeid Air Base intercepting Iranian ballistic missiles earlier over Doha, Qatar. pic.twitter.com/S5oJZjFCNM
— OSINTdefender (@sentdefender) June 23, 2025
„По јасната воена агресија на криминалниот режим на САД врз нуклеарни објекти за мировни цели на Исламската Република Иран и јасното кршење на меѓународното право, под водство на Врховниот совет за национална безбедност и раководството на Централниот штаб на Хатам ал-Анбија (ПБУХ), Корпусот на Исламската револуционерна гарда…ја таргетираше базата Ал-Удеид во Катар со разорен и моќен ракетен напад. Оваа база е седиште на воздухопловните сили и најголема стратешка предност на американската терористичка армија во регионот на Западна Азија“, објавија тие.
На социјалните мрежи веќе се шират видеа од ракетните напади.
Инаку, корпусот на иранската гарда објави дека операцијата за напад на Катар и Ирак се нарекува „Добри вести за победа“.
Засега деталите за нападите и причинетата штета не се познати.
Сирени за тревога се огласија и во соседните држави Бахреин и Кувајт.
Иран се закани дека ќе им возврати на Соединетите американски држави (САД) по нападот на нивните нуклеарни локации.
Засега, деталите за нападот и евентуалната штета не се познати. Покрај Катар, сирени се огласија и во соседните Бахреин и Кувајт. зш/