Иранската влада вели дека нема опасност за жителите што живеат во близина на иранските нуклеарни постројки нападнати од САД

Иранската влада соопшти дека нема опасност за жителите што живеат во близина на иранските нуклеарни постројки нападнати од САД во текот на ноќта.

-Нема опасност за жителите на областите каде што има нуклеарни постројки. Жителите на Натанц, Исфахан и Фордо можат да продолжат да живеат нормално, изјави портпаролката на иранската влада Фатемех Мохаџерани.

Нуклеарните постројки во Натанц, Исфахан и Фордо се трите ирански нуклеарни постројки за кои американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека биле нападнати.

Back to top button
Close