Ирански дронови предизвикаа пожари во нафтени комплекси во Кувајт и ОАЕ

Ирански беспилотни летала денеска погодиле објекти на државната Кувајтска нафтена корпорација (КПЦ) по што избувнале пожари и е причинета голема материјална штета во некои од производствените погони.
КПЦ соопшти дека нивни тимовите работат на локализирање на пожарите. Претходно, ирански дронови предизвикале пожар и во нафтениот комплекс Шуваик, каде што се наоѓа Министерството за нафта на Кувајт и седиштето на компанијата.
Две електрани и постројка за десалинизација на вода биле исто така цел на ирански беспилотни летала, предизвикувајќи значителна материјална штета, соопштија кувајтските власти.
Во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пак, е погодена петрохемиска фабрика. Властите во Абу Даби, главниот град на ОАЕ, соопштија дека избувнале пожари во петрохемиската фабрика во Боруж, што довело запирање на нејзината работа.
Министерството за одбрана на ОАЕ денеска соопшти дека пресретнало 10 ирански ракети и 50 беспилотни летала.
Земјите од Персискиот Залив, вклучувајќи ги Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, се цел на ирански напади како одговор на нападите извршени од САД и Израел на 28 февруари.






