Ирански државни медиуми тврдат дека немало протести во последните 24 часа, запленета опрема за сателитски интернет

Иранските државни медиуми тврдат дека немало протести во ниту еден град во земјата во последните 24 часа, јавија светските агенции додавајќи дека иранските медиуми не изнеле докази за своите тврдења.

Информацијата доаѓа во време кога иранските власти со денови го ограничуваат пристапот до интернет, а само мал број новинари на терен можат да известуваат надвор од Иран.

Во исто време, иранските разузнавачки сили соопштија дека заплениле голема пратка комплети за сателитски интернет Старлинк во пограничните региони, наводно наменети за „шпионажа и саботажа“ во земјата.

Б-Би-Си на персиски дознава дека некои Иранци ја користат сателитската интернет услуга Старлинк на Илон Маск, иако властите се обиделе да ги прекинат сигналите со „пречки“.

Употребата на уредите е нелегална во Иран.

Според профилот на Телеграм на државниот медиум пратката влегла во Иран „нелегално од соседна земја“, пренесе Би-Би-Си.

Во извештајот се вели дека запленетата опрема вклучувала 100 приемници со долг дострел, 50 засилувачи на сигналот BTS, 743 5G модеми од различни брендови и 799 мобилни телефони од најнова генерација.

На видеото објавено со извештајот се гледаат кутии со електронска опрема, од кои некои го носат брендот Старлинк. Се чини дека ова е првата пријавена конфискација на уреди Starlink во Иран

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close