Ирански портпарол со порака до Трамп: „Отпуштен си“

Ирански портпарол му упати порака на американскиот претседател Доналд Трамп користејќи ја неговата позната фраза „Отпуштен си“, алудирајќи на неговото ријалити шоу и предизвикувајќи внимание во јавноста.

Screenshot

Иранскиот воен портпарол Ебрахим Золфагари испрати порака до Трамп.

„Еј Трамп, отпуштен си. Позната ти е таа реченица. Благодарам на вниманието“, порача Золфагари на англиски јазик.

Золфагари е портпарол на Централниот штаб „Хатам ал-Анбија“, иранско заедничко воено командно тело задолжено за координација на операциите меѓу Исламската револуционерна гарда и редовните вооружени сили.

Фразата на која алудираше Золфагари, „Отпуштен си“, е препознатлива реченица на американскиот претседател уште од времето кога го водеше ријалити шоуто „Приправник“. Во тоа шоу натпреварувачите се бореа за деловна можност и работно место во една од компаниите на Трамп.

Трамп беше водител и заштитно лице на шоуто, а стана особено препознатлив по реченицата „Отпуштен си“, со која ги елиминираше кандидатите. Емисијата со години беше многу популарна и во голема мера придонесе за неговата јавна препознатливост надвор од деловниот свет.

Изразот „Благодарам на вниманието“ претседателот често го користи за завршување на објавите на својата платформа Truth Social.

Back to top button
Close