Иранскиот министер за надворешни работи го одби барањето на МААЕ за посета на нуклеарните објекти

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го нарече „бесмислено и злонамерно“ инсистирањето на генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, да ги посети иранските нуклеарни објекти.

„Инсистирањето на Гроси да ги посети бомбардираните објекти под изговор на превентивни мерки е бесмислено и злонамерно во својата суштина“, напиша Арагли во објава на социјалната мрежа Икс.

Арагчи истакна дека Иран го задржува правото да преземе какви било чекори за заштита на своите национални интереси и суверенитет.

Од МААЕ претходно соопштија дека Гроси ја подвлекол потребата инспекторите на агенцијата да продолжат со работата во Иран, согласно договорот за контролни мерки.

Во средата, иранскиот Парламент изгласа привремено прекинување на соработката со МААЕ.

Back to top button
Close