Иранскиот парламент го отфрли продолжувањето на преговорите со САД додека не се исполнат предусловите

Иранскиот парламент денеска соопшти дека Техеран не треба да ги продолжи преговорите за својата нуклеарна програма со САД се додека не се исполнат предусловите, објави иранската агенција ИСНА.

Парламентот во соопштението не наведе кои предуслови треба да бидат исполнети.

Преговорите меѓу Иран и САД за нуклеарната програма на Иран беа прекинати откако Израел го нападна Иран на 13 јуни.

Иранските и американските претставници требаше да се сретнат во Оман на 15 јуни за нови рунди разговори за нуклеарната програма на Иран.

Иран тврди дека развива нуклеарна програма исклучиво за цивилни цели.

Back to top button
Close