Иранските напади се кршење на суверенитетот, соопшти кувајтското МНР

Кувајтското Министерство за надворешни работи соопшти дека најостро ги осудува повторните ирански напади врз негова територија, оценувајќи дека тие претставуваат грубо кршење на суверенитетот, закана за националната безбедност и меѓународното право.
Министерството истакнува дека континуираните напади „ги поткопуваат регионалните и меѓународните напори насочени кон деескалација, претставуваат директен предизвик за решителноста на меѓународната заедница да ги намали тензиите, загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните и жителите“, објавува агенцијата КУНА.
Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда денеска соопшти дека започнал голема операција со напади со ракети и беспилотни летала врз осум американски воени објекти на Блискиот Исток, како „решителен одговор“ на, како што наведе, обновената американска агресија против земјата.






