Иранските власти соопштија дека нема опасност за населението по американските напади врз комплексот Фордо

Иранските власти соопштија дека нема опасност за населението во Кум и областите во близина на локацијата за збогатување ураниум во Фордо, јужно од Техеран, кои беа погодени во американски воздушен напад.

„Нема опасност за населението на Ком и околните области“ од подземниот објект во Фордо, се вели во соопштението на регионалната канцеларија за управување со кризи, јави ИРНА.

Иранскиот нуклеарен регулатор, исто така, изјави дека нема знаци на контаминација по нападите и дека нема опасност за жителите на нападнатите локации.

Саудиското регулаторно тело, исто така, изјави дека не е откриено зрачење по американските напади врз Иран.

Не се пронајдени радиоактивни траги во околината на Саудиска Арабија или другите арапски земји од Персискиот Залив по американските напади врз нуклеарните објекти на Иран, соопшти саудискиот нуклеарен регулатор на мрежата Х.

Ирански парламентарец од своја страна изјави дека објектите во Фордо не се сериозно оштетени, дека поголемиот дел од штетата е „само на површината и може да се поправи“.

Back to top button
Close