ИРЛ: Иако е во бегство, Нефи Усеини отворил фирма во Битола

Охридскиот советник од ДУИ, Нефи Усеини, го проширува бизнисот, иако веќе шести ден е во бегство и полицијата не може да го лоцира.

Како што пишува Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Усеини отворил нова фирма во Битола за производство на градежни материјали. Фирмата „Бетон 2020 Н и О“ ДОО Битола е партнерска заедно со битолчанецот Оливер Тиловски, а Нефи Усеини е нејзин управител.

За Усеини и неговиот брат одредена е мерка притвор од осум дена, но полицијата не може да ги лоцира. Тие се осомничени за кривично дело насилство и недозволено држење оружје.

Делата се поврзани со тепачката во Охрид, за која нивниот сограѓанин Спирко Топалоски ги обвини дека го натепале и дека му се заканувале со пиштол.

Неколку дена подоцна Топалоски ја промени изјавата и рече дека со Нефи се добри пријатели, а оружје при нивната средба немало, туку само така му се причинило.

Back to top button
Close