ИРЛ: Како Гордана Ѓешкоска ќе влезе во Поглавјето 23?
Гордана Ѓешкоска е обвинителка со работен стаж од неколку децении. За прв пат е избрана за заменик јавен обвинител во Скопје во 1998 година. До 2013 година беше обвинител во Одделението за организиран криминал и корупција и ги застапуваше предметите: „Бачило“, „Пајажина“, „Змиско око“, „Монструм“, „Изгрев“. На 18 април 2013 година беше избрана за шеф на Скопското обвинителство.
Но, како дошло до нејзиниот избор се дозна две години подоцна, кога СДСМ објави разговор меѓу тогашниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Дел од разговорот помеѓу Мијалков и Јанкулоска: Мијалков: Види, утре треба да се бираат, ќе ја бираме Гордана Гешковска, знаеш тоа? Јанкулоска: Аха, да, да, нели тоа шо договоривме. Мијалков: И треба да се бира еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје. Јанкулоска: Аха. Така. Мијалков: Дали имаш ти некоја ургенција? Јанкулоска: Абе види, нели тогаш ги гледавме ние заедно ако ти текнува, кога бевме кај Марко. Ние ургенции имаме, ама работава е што таму по закон само со академија може да се бираат. И тоа беше проблемот. Знаеш, нема веќе од надвор. Ѓешкоска, заедно со обвинителите Златко Биковски и Јован Цветановски беа на дисциплинска комисија бидејќи по насилието во Собранието на 27 април 2017 година не ги презеле потребните истражни дејствија. Увидот по нивни налог бил направен следниот ден, но дотогаш биле уништени многу докази, изнесени компјутерските хард – дискови со снимките од Парламентот. Тројцата обвинители се спасија од разрешување и беа казнети половина година со 30 проценти помала плата. До крајот на годината се очекува да почне преговарачкиот процес со ЕУ, а прво е Поглавје 23 кое ги опфаќа областите правосудство, основни човечки права и борба против корупција. Новиот министер за правда Бојан Маричиќ најави крупни реформски потфати во првите сто дена од својот мандат за ефикасно и објективно прочистување и деполитизација на судството и обвинителството. обвинителката Гордана Ѓешкоска Правда за сите Бунтот на „малите луѓе“ го почна Наташа Димитриевска, која реши сама да се бори со моќната спрега МВР-Обвинителство-Суд. Таа го крена гласот и бара правда за смртта на нејзиниот сопруг Гоце, кој загина во сообраќајна несреќа. Предизвикувачот и виновникот за несреќата, Васил Чорбаџиев, доби условна казна. Димитриевска ги охрабри и другите „мали луѓе“ да не молчат и да бараат одговори и одговорност. Семејството Тодоровски го почна патот. За случајот ги известија министерот за правда Бојан Маричиќ,
Народниот правобранител, а обвинителката Ѓешкоска ќе добие претставка до Советот на јавни обвинители. СДСМ со слоганот „Живот и правда за сите“ победи на изборите во 2016, кога вети генерален реизбор во судството и обвинителството. Но, тоа не се случи. И на стартот на вториот мандат премиерот Зоран Заев го ветува концептот „Едно општество за сите“. „Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Влегуваме во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа. Тоа ќе биде најважната приказна. Законите се донесени, сега е време за нивно доследно спроведување, кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон“, рече неодамна Заев. Правда чекаат и семејствата Димитриевски и Тодоровски.
Цела сторија можете да ја прочитате на ИРЛ.мк