ИРЛ: Трансформацијата на Маврово инспирирана од Банско

Во 2015 година скопскиот инвестициски консултант Влатко Богоевски, заедно со неговите партнери од Софија, ќе договори атрактивна зделка со компанијата „АД Пелагонија Гостивар“. Друштвото за посредување и консалтинг „Фортонмка“ станува ексклузивен посредник во продажбата на становите од првиот бетонски резиденцијален комплекс во Националниот парк Маврово наречен „Маврово Резиденс 1“, пишува ИРЛ.

Младиот претприемач и неговите познати партнери од Софија со кои што тој ја дели фирмата „Фортонмка“, не губат време да ја склучат зделката која ветува загарантиран успех. Станбениот комплекс е огромен, ќе понуди 104 стана на најатрактивната локација во Националниот парк Маврово, на 100 метри од скијачките терени.

„Улогата на ‘Фортонмка’ беше посредничка, тие инвестираа ние им ги продававме становите“, раскажува Богоевски. „Становите се продаваа брзо, за нас тоа беше успех“.

Куќа по куќа, оп зграда!

Четири години подоцна, во 2020 година агентот со недвижнини и самиот станува инвеститор во Маврово. На први јуни 2019 година тој ја формира градежната компанија „Фортонмка Инвест Доо Скопје“. Додека е ангажиран со продажба на „Маврово Резиденс 1“ односно зградата на Пелагонија Гостивар, Богоевски не губи време и брзо ги „намирисува“ потенцијалите на второто најпосетено одморалиште во државата. Така се раѓа идејата за „Маврово Резиденс 2“. Богоевски и партнерите се искусни и знаат дека најдобрата зделка во Маврово е онаа со географска математика: со поглед кон езерото и буковите шуми, а на десет минути пеш до брегот и најважното, на 100 метри од ски терените. Потоа проноаѓа десетина парцели кои ги поседуваат различни приватни лица: меѓу нив има ниви, шуми, земјоделско земјиште, но и градежно изградено земјиште.

повеќе

Back to top button
Close