ИРЛ- Вистинскиот газда на фамозната „Ексико“ според официјални документи кој ги дал Камчев е Александра Мијалкова

Во 2011 година балерината Александра Мијалкова ќе прими еден необичен подарок од бизнисменот Јордан Камчев. Овој подарок ќе биде клучен во создавањето на богатството на нејзиниот сопруг преку пренасочување на државни ресурси за лична корист. Подарокот ќе биде и центарот на случајот „Империја“. Документите на ИРЛ покажуваат како се градела империјата на Камчев и Мијалков и како спогодбата ќе ги отвори прашањата за тоа дали институциите го промовираат концептот на исплатлив криминал. ИРЛ го мапираше имотот на поранешниот шеф на тајната полиција. Едно е сигурно, и по конфискацијата Мијалкови се сè уште необјасниво многу богати.

Известуваат: Маја Јовановска и Давид Илиески; Редактура: Сашка Цветковска;

Во атмосфера на отпор од политичкиот и мафијашки естаблишмент, кон крајот на 2015 година ќе се формира Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со специфична мисија да ги истражи делата од висока корупција и организиран криминал, откриени во прислушуваните разговори што ги обелодени Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), во надеж дека понатаму оваа институција ќе стане надлежна да гони секакви дела од сферата на високата корупција. За мнозинството граѓани на земјата во која неправдата беше колективна траума, СЈО претставуваше своевиден граничник кој го означуваше почетокот на градењето на правниот поредок.

Случаите на СЈО вклучуваа високопрофилни лица и нивните блиски луѓе кои ги користеле државните ресурси за незаконски да се богатат и да се заштитат од прогон. Две од овие лица се и озогласените кумови: олигархот Јордан Камчев и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков. Со настапувањето на СЈО доаѓа и крајот на ова пријателство. Но, не и на нивните заеднички проблеми.

Фотографија на Ѓорѓи Личовски, дневен весник Вест; Сашо Мијалков и Јордан Камчев во минатата деценија поминуваа многу време заедно и често беа фотографирани на разни забави и прослави низ градот.

За граѓаните, нивното апсење беше еднакво спектакуларно како и бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и братучед на Мијалков. Но, по бегството сите беа скептични дали правда навистина ќе има, па и епилогот од ова апсење јавноста го зеде со резерва.

На 9 и 20 ноември 2018 година Јордан Камчев и Сашо Мијалков ќе бидат однесени во притвор во скопскиот затвор во Шуто Оризари и таму ќе останат повеќе месеци. Во фокусот на истрагата на предметот со кодно име „Империја“ се повеќе компании што со години беа предмет на новинарски истражувања за корупција и злоупотреби. Камчев и Мијалков ги поврзуваше мрежа на влијателни бизниси создадени и разработени преку коруптивно пренасочување средства и услуги од државата, кои вклучуваа и заштита од прогон.

Новинарите на ИРЛ добија увид во документите кои се дел од обвинителската колекција на предметот „Империја“. Тие откриваат досега непознати детали за вистинската сопственост на ѕвездата од каталогот фирми од „Империјата“ – тоа е швајцарската компанија „Ексико“, но и за клучната информација што ја споделил сведокот Камчев без која наводно немало да „падне“ Мијалков.

Омилениот соработник на правдата 

Бизнисменот Јордан Камчев во Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата влегува како првоосомничен за случајот „Империја“, но излегува како „соработник на правдата“.

Камчев во април 2022 година ќе направи договор за спогодба со Обвинителството. Во државниот буџетот уплати 5 милиони 200 илјади евра на име затајување данок и доби само една година ефективен затвор.

Но, парите не се единствената работа што Камчев ја дал за да си ја обезбеди слободата. Тој ќе стане соработник на правдата кај уште еден обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организираниот криминал, Лиле Стефанова. Оваа институција го презеде случајот „Империја“ откако прекина работата на СЈО.

Како соработник на правдата во Обвинителството предал официјални документи кои го откриле вистинскиот сопственик на „Ексико“, односно основачот на фирмата „Т и МЈ инвестмент“ од Лугано е Алскандра Мијаклкова, сопругата на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

целото истражување на ИРЛ  ТУКА

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close