Исак главна трансфер цел на Ливерпул

Главна цел на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде да го доведе најдобриот играч на Њукасл Александер Исак (25), јавија денеска британските медиуми.
Договорот на шведскиот интернационалец со Њукасл истекува во јуни 2028 година, но премиерлигашот би можел да го продаде доколку не успее да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона.
Исак оваа сезона во Премиер лигата постигна 17 голови и додаде пет асистенции, а неговите настапи го привлекоа вниманието на европските гиганти Барселона, Ливерпул, Арсенал и Челзи.
Доколку Исак навистина заврши на фудбалскиот пазар на лето, британските медиуми проценуваат дека Њукасл ќе бара отштета од 100 до 120 милиони евра. Ливерпул би можел за него да му понуди на уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез (25) и мала отштета во готово

Back to top button
Close