Исчезна работник откако пропаднал во канал за наводнување во близина на Кочани

Жител на Кавадарци исчезнал во текот на вчерашниот ден, извршувајќи работни задачи во село Тркање, а според информациите на негов пријател, тој пропаднал во канал за наводнување.

„На 23.05.2022 во 17,10 часот во Полициска станица Кочани, С.К. (36) од Скопје пријавил дека Р.А.(27) од Кавадарци, кој извршувал работни задачи на објект во с.Тркање, најверојатно паднал во канал за наводнување, кој се наоѓал во близина. Полициски службеници излегле на местото на настанот и во координација со ТППЕ на Кочани преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. За настанот е запознат јавен обвинител“, велат од МВР.

Back to top button
Close