Исчезнат е 39-годишен струмичанец
На социјалните мрежи се шири апел за пронаоѓање на струмичанец пријавен за исчезнат.
– Дрвошанов Роберт, 39-годишен жител на Струмица е пријавен како исчезнат од вчера околу 14 00 часот. Во моментот на исчезнувањето, Роберт бил облечен во црвени шорцеви, кафенкаста маица, црна капа, бели патики и носел црн ранец.
Семејството апелира до сите граѓани кои имаат било каква информација за неговото движење да се јават на телефонскиот број 077/619-822 – Љубинка, мајка на исчезнатиот, се наведува во апелот.
„Денеска (14.08.2025) во СВР Струмица во 08:40 часот Д.Љ.(64) од Струмица пријавила дека на 13.08.2025 околу 13:00 часот нејзиниот син Р. Д. (39) се оддалечил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопштија од МВР.