Исчезнат е 52-годишен кумановец

Од завчера 52 годишник од Куманово се води како исчезнат, откако тој се оддалечил од својот дом во непознат правец.

– На 03.09.2025 во 11:30 часот во СВР Куманово, Т.П.(79) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син С.П.(52), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Лицето, како што додаваат од полицијата, има здравствени проблеми.

Според последните информации, исчезнатиот се уште не е пронајден.

Од СВР Куманово трагаат по лицето

Back to top button
Close