Исчезната е 35-годишната Симона, семејството моли за помош

Полицијата и семејството трагаат по Симона Стојкова (35), чиe исчезнување е пријавено вчера.

Последен пат е слушната вчера, кога се јавила по телефон со врисоци од бројот 076 851 228, по што повеќе не е достапна.

Симона има кафена коса, кафени очи, висока е околу 175 сантиметри, и носи наочари. Според личниот опис, таа куца при одење бидејќи едната нога ѝ е пократка за 7 сантиметри.

Се апелира до сите граѓани кои имаат било какви информации или го забележале лицето да се обратат до најблиската полициска станица или преку платформата najdime.org.mk.

Back to top button
Close