Исчезнатиот Миле забележан на Серта: Исцрпен и ослабнат, побегнал во шумата кога му се обратиле!

Миле Тодоров (28) од Неготино, момче кое мистериозно исчезна на 30-ти јануари годинава, завчера бил забележан на планината Серта, на регионалниот пат Штип – Неготино, за ,,Фокус” открива неговото семејство, пренесе Фокус.

Како што појаснуваат блиските на Миле, во вторникот наутро добиле телефонски повик од лице од Кавадарци кое го познавало Миле. Човекот им кажал дека истото утро, околу пет часот, додека возел на регионалниот пат Штип – Неготино, запрел накратко и излегол од возилото, и тогаш забележал човек кој се движел од Штип кон Неготино.
Кога добро го погледнал, сфатил дека станува збор за Миле по кого се трага околу четири месеци и веднаш започнал да го довикува.

 

-Лицето кое го забележало Миле, покрај коловозот, речиси на највисокиот дел на Серта, е човек кој добро го знае и нема шанси да се препознал. Кога ни се јави, ни кажа дека откако го забележал, веднаш му викнал – Брату, брату, дојди, застани, но Миле започнал да бега кон шумата.

 

Back to top button
Close