Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице со тоа име и презиме во Министерството за внатрешни работи, пишува Фокус.

Вест за исчезната млада жена, со нејзина фотографија и апел до јавноста за информации, масовно се споделува на социјалните мрежи. Симона Стојкова, 35 години, се јавила со врисоци од туѓ телефонски број вчера, откако е исчезната – пишува на страницата ,,Најди ме”.

 

– Advertisements –

 

За страницата ,,Најди ме” пак, е појаснето дека е систем за рано предупредување за исчезнати лица, воспоставен од Новинари за човекови права како дел од „Пилот -проектот за систем за рано предупредување за исчезнатите деца“ во Северна Македонија во соработка и под проектен менаџмент на ЕКПАТ Австрија, а со финансиска поддршка на Федералното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија.

Сепак, податоците објавени за исчезнатата девојка, уште на прв поглед делуваат некомплетни. Нема место на потекло на девојката, ниту пак каде исчезнала, не е ниту опишано како изгледала, односно што носела во времето кога исчезнала.

Повеќе

Back to top button
Close