Исчкртана вилата во Франција каде што живее поранешната сопруга на Путин

Оградата на вилата на поранешната сопруга на Владимир Путин, Људмила и на нејзиниот нов сопруг Артур Очеретни, беше обоена со графити „анти-Путин“ и со украинското знаме. Имотот се наоѓа на југот на Франција и е проценет на 6 милиони фунти.

Француски медиуми јавуваат дека минатата сабота на ѕидовите на имотот биле испишани графити на неколку јазици: „Мафијата на Путин“, „Слава на Украина“, „Е **** Путин“.

На вратата од оградата е насликано и украинското знаме.

 

Back to top button
Close