Иселениците од Европа со донација од хуманитарни пакети за најпогодените од коронакризата во Делчевско

Во руралните средини почна распределбата на хуманитарни пакети за социјално загрозените граѓани од Делчевско. Хуманитарните пакети се донација од македонски иселеници во Европа, чиј претставник Кирчо Анастасов истакна дека ќе бидат добродојдени на граѓаните кои се најпогодени од здравствената криза.

– Оваа акција се реализира со помош на македонските иселеници кои се низ европските земји и со кои како здружение Меѓународниот центар на Македонската дијаспора „Нова Зора“ подолг временски период има добра соработка, која се надевам ќе продолжи, како на полето на хуманитарна помош, така и во други области. Се надеваме дека соработката со Црвен крст со кои ја реализираме оваа акција исто така ќе продолжи. Пакетите се наменети за луѓе од руралните средини, кои се во тешка ситуација погодени од кризата, но акцијата ќе продолжи да се реализира секаде онаму каде што е потребно согласно приротитетите кои ги има Црвениот крст, рече Анастасов.

Од општинската организација на Црвен крст Делчево се заблагодарија на хуманитарната помош од Здружението на иселеници од Европа и од таму најавија реализирање на повеќе вакви акции за помош на што повеќе луѓе во овие тешки моменти.

Претходно во слична акција хуманитарна помош за ранливите категории граѓани од Делчево обезбеди и Македонската заедница од Англија

Back to top button
Close