Исходот од лидерската средба е неочекуван, вели потпретседателот на ДУИ, Реџепи

Потпреседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Бајрам Реџепи во емисијата „24 анализа“ вечерва рече дека исходот на денешната лидерска средба не е неочекуван.

Добрата вест, според Реџепи, е тоа што се седнало на иста маса, а лоштата е дека ставовите сѐ уште се дијаметрално спротивни.

– Во овие критични моменти треба да се се покаже мудрост и сплотеност, зошто станува збор за последната препрека на патот кон ЕУ. Поголемиот дел од тие политички теми што беа во минатото беа препрека на патот за нашиот процес се надминати и очекувам дека сите политички партии ќе имаат разбирање за иднината на нашите деца. Во минатотот имавме поделеност и се создаде слика дека има политички алтруизам. – рече Реџепи

Back to top button
Close