Искршени прозорците на Градската куќа во Нови Сад

 Демонстрантите во Нови Сад вечерва со камења ги искршија прозорците на Градската куќа, а претходно ја искришја и влезната врата на зградата на РТ Војводина, при што едно лице беше повредено.

Брзата помош интервенирала во РТВ, а пожарникарите интервенирале пред Градското собрание.

Дел од граѓаните вечерва останаа пред РТВ, додека другиот дел од демонстрантите се упатија кон Градското собрание и по пат со камења ги нападнаа и просториите на владеачката СНС, кршејќи ги прозорсите од просториите.

Граѓаните пред Градското собрание извикуваа „Вучиќ, каде си“ и „Многу не има“, а упатуваа и навреди кон српскиот претседател и лидер на СНС.

Демонстрантите, инаку, се собраа вечерва во 18 часот на протест против најавеното воведување полициски час. Тие, исто така, и синоќа протестираа по вонредната конференција на српскиот претседател, за која, како што велат, била и поддршка за демонстрантите во Белград.

Back to top button
Close