Искусниот планинар починал од срцев удар – мала група викендов отишла на планинарење

Скопјанец починал на планината Баба блиску до врвот Пелистер денеска, најверојатно од срцев удар, пренесува 4NEWS.mk

Тој не бил сам, туку со група планинари кои допатувале викендов во Битола за да планинарат.

Станува збор за искусен планинар со иницијали А.С од Скопје. Пријателите со кои бил, први побарале помош, но поради непристапноста на теренот, телото најверојатно ќе се симнува со хеликоптер. Тие се наоѓале во близина на Ловечка куќа на надморска висина од околу 2.000 метри.

Местото каде се случил инцидентот

Планинарот не бил ниту болен ниту имал некаква дијагноза. Пријателите се во шок и неверување за нивниот пријател.

Според информации на порталот лицето била на возраст од 74 до 76 години.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека Дирекцијата за заштита и спасување од Битола, која има тим за интервенции во планински услови, за транспорт на телото до локација каде може да дојде возило на Итна медицинска помош.

Потребна била подобра координација меѓу дежурните лица во МВР-СВР Битола и ДЗС Битола за извршување на увидот на местото на настанот

Back to top button
Close