Искуство од медицинските лица: Психолошките последици од КОВИД-19 ќе бидат најголеми и најтешки

Вирусот КОВИД-19 се појави одеднаш, го затекна светот неподготвен, медицината зачудена, а луѓето едноставно испаничија за своето здравје и за здравјето на најблиските. Го пренесуваме искуството на медицинските лица од Единицата за интензивна нега во универзитетската болница „Кралицата Елизабета“ во Глазгов кои беа соочени со најмногу пациенти заболени од вирусот, за BBC News.

Џен Долан и другите медицински сестри држеле за рака многумина од пациентите и сè уште го прават тоа.

„Не се опишува она чувство кога држиш некого за рака, кој нема никој близок околу него, а ниту семејството не може да биде со него тогаш кога срцето му бие во последен ритам“, вели таа. „Тоа е една од најтешките работи на овој свет, кога некој ќе умре без своето семејство“.

Медицинските сестри држат телефони на ушите од пациентите кои се во бессознание за да можат роднините да разговараат со нив, иако не можат да добијат никаков одговор. Тие се грижат пациентите да се чисти, измиени, им ги менуваат омилените сапуни, им ги читаат пораките на телефоните.

Џен раскажува дека отсекогаш мислела дека професијата медицинска сестра е привилегија, но изминатата година била многу потешка од сите досегашни.

„Имавме страшно многу семејства кои беа примени заедно – сопрузи и сопруги кои не успеаја да преживеат – и беше неверојатно тешко да немаме роднини околу нив како вообичаено“, вели таа.

Персоналот станал поискусен во третманот на вирусот, но обемот на пациенти понекогаш бил огромен. Тие доаѓале и доаѓале, заедно со други пациенти кои што барале интензивна нега, акутно болни или со операција. Тоа е случај и моментално, а медицинскиот персонал научил да се справува со тежината на работата низ целата година напорна борба против вирусот, со искуството од сите оздравени, но и, за жал, починати пациенти.

Од таму, велат дека најмногу се загрижени и за психолошкото здравје на луѓето кое што ќе биде со масовни последици за сите во целиот свет. Според нив, премногу рано да се види влијанието на програмата за вакцинација врз луѓето. Сметаат дека нема сомнение дека вакцината ќе има големо влијание врз преносливоста и сериозноста на болеста. Но, сепак ќе има пациенти на кои ќе им биде потребна интензивна нега поради КОВИД-19.

„Нашиот обем на работа може да биде повторно голем следната зима, така што мораме да полниме батерии во текот на летото“, велат од болницата.

Некои од медицинските сестри велат дека моралот и храброста на сите се слаби, но тимот продолжува да се поддржува, дури и со помош на психолози. Тие се надеваат дека ова ќе заврши побрзо, за и психичките последици да не бидат премногу силни врз персоналот, но и врз луѓето.

Борбата на медицинските лица кои што се очи во очи со злокобната болест е за почит. Нивните заложби и 150% давање на својата сила во текот на работата со сите пациенти се постапки кои не секој од нас би можел да ги издржи. Затоа, да се издигнеме на ниво и во овие тешки времиња да ги почитуваме и поддржиме докторите и медицинските сестри кои што прават се што можат за сите животи во болниците и клиниките.

Back to top button
Close