Ислами истрча 400 метри со пречки во време од нов македонски рекорд

Македонската атлетичарка Дрита Ислами по втор пат во последните три недели го собори државниот рекорд во дисциплината 400 метри со пречки.

Ислами на првиот ден од Европското екипно првенство што викендов се одржува во Лимасол ја истрча патеката во време од нов македонски рекорд од 57.53 секунди.

Тоа е подобрување од повеќе од една секунда на претходниот национален рекорд (58.66), поставен од Ислами на 29 мај годинава. ег

Back to top button
Close