Исмаил кон ВМРО-ДПМНЕ: Нереално е да се очекува дека ќе го наполните буџетот со оданочување на шноли


Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил денеска во Собранието истакна дека Законот за укинување на постојното ослободување од ДДВ за увоз на пратки со мала вредност до 22 евра треба да биде повлечен.

Потенцира дека наместо регресивна даночна политика која ја казнува сиромаштијата, да се зафатиме да го наполниме буџетот со зголемување на даноците на добивка.

-Не е точно дека ќе се зголемат производите за нашите граѓани. И токму тоа е целата поента, дека ова е усогласување со директивите на ЕУ. Вие сте спремни се да прифатите со ЕУ, дури и на директна штета на вашите граѓани. Ова ништо позитивно нема да придонесе во Македонија од економски аспект. Ама буквално ништо. Ако мислите да го наполните буџетот со оданочување на шноли, господин заменик-министер, мислам дека е нереално тоа да се очекува. Со ова ги задоволувате барањата на вашите геостратешки стопани и тоа на директна штета на граѓаните кои ве избрале. Ова е недозволиво, рече Исмаил.

Собранието попладнево во рамки на 70-та седница донесе одлука дека Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност е прифатлив, и го проследи на натамошно второ читање.

Back to top button
Close